Пријатели, почитувачи, колеги музичари, хумани граѓани, присуствуваа на хуманитарниот хепенинг по повод роденденот на прерано починатиот член на Ансамблот „Билјана“ Андреј Лаброски, што се одржа синоќа кај хотелот „Аквалина“.
Андреј беше тивок човек со гласни идеи и јасна визија охридскиот староградски мелос да се прошири низ светот, рече во обраќањето на настанот Јован Цветкоски од Културолошка Иницијатива „5 до 12“.
Иако не е меѓу нас знаеме дека ќе беше предводник на нашата генерација која ги прави промените, затоа што се’ уште не спојува неговата енергија, не инспирира. Затоа се што правиме го посветуваме нему, а се надеваме дека барем половина од неговите идеи ќе успееме да ги реализираме. – истакна Цветкоски, кој му посвети песна на маестро Андреј, како што го нарекува неговата генерација.
На настанот настапија Ансамбл „Билјана“ и музичари од градот, кои со песна му оддадоа почит на својот колега.
Средствата кои беа собрани на хуманитарниот настан ќе бидат донираат на Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“- Охрид.
Емотивно сеќавање на маестро Андреј Лаброски
OhridNews
Фото: А. Момироска