Пресметката помеѓу Бока Јуниорс и Њу Олд Бојс, во рамките од аргентинскиот Лига куп, помина во знакот на Диего Армандо Марадона, кој ненадејно од срцев удар почина во 60-та година од животот. Двете екипи каде што настапуваше Марадона со сите почести го испратија во вечноста.

Натпреварот на „Ла Бомбоњера“, започна со минута молк, а најемотивно беше во 12-та минута кога домаќините го отворија резултатот. Сите фудбалери од Бока Јуниорс, дотрчаа до аут линијата и со аплауз ја поздравија ќерката на Марадона, Далма која беше присутна на трибините. Емоциите ја совладаа Далма и се расплака.

Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА), во знак на почит на Марадона, Лига купот го преиминуваше во Куп на Марадона.

OhridNews