Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски и моменталниот Игор Ангеловски кој ја одведе Македонија на Европско првенство, имаа повеќе од емотивен разговор, организиран од австралиската радио станица „SBS“.

Двајцата селектори со историски карактер зборуваа за успехот на Македонија, фудбалот како религија во нашата земја, а Ангеловски на Дончевски му откри како ја обединил селекцијата.

Македонија на ЕВРО2020 се пласираше после минималната победа над Грузија (1-0) во финалето од баражот во УЕФА лигата на нации. „Црвено жолтите“ во групата на ЕП се наоѓаат со Холандија, Украина и Австрија.

OhridNews