Минатата година охридски ЕМО остварил загуба од 2,1 милион евра. Оваа некогаш успешна компанија години наназад бележи големи загуби. Токму тоа, како и лошата кондиција во која се наоѓа компанијата се причина за неколкуте неуспешни обиди за продажба на ЕМО.

Со законските измени финансиските извештаи на домашните компании кои котираат на берзата деновиве почнаа да стануваат достапни за јавноста. Банките и минатата година оствариле највисок профит, а добро сработиле и градежните компании. “Гранит“ остварил профит од 5,5 милиони евра, а меѓу најуспешните во 2007 година е и  “Фершпед“  кој остварил профит од 3 милиони евра, исто колку и „Реплек“.

На врвот на листата на компании кои прикажале загуба е ЕМО-Охрид со загуба тешка 2,1 милион евра.

ohridnews