АД ЕМО Охрид доби ново раководство, откако на вонредното Собрание на акционерите што на 26.12.2006г. се одржа во Кичево, актуелниот Одбор на директори бил разрешен, поради како што се наведува во соопштението до јавноста, катастрофалните резултати во работењето во последните две години.
На собранието иницирано од претставникот на државата која располага со 42% од акциите, бил избран нов Одбор на директори на АД ЕМО составен од 10 членови, а за извршен член, односно генерален директор на компанијата едногласно бил изгласан Коста Димитров.
Разрешеното раководство на АД ЕМО обвини дека причините за свикување вонредно Собрание само 5 месеци по одржаното редовно Собрание на акционерите не се издржани, бидејќи акциите на фирмата достигнале највисока вредност, обезбедена била работа во вредност од 20 милиони евра, работниците редовно земале плата, а долговите кои ги направило претходното раководство се сервисирале.
Разрешениот Одбор на директори на ЕМО го оспорува легитимитетот на Вонредното Собрание, поради тоа што на него не присуствувал претставникот на државата туку негов претставник. Разрешениот одбор на директори информира дека на 25.12.2006 се одржало Собрание на акционерите кое било одложено поради неприсуството на претставникот на државата.
Со овие случувања се нанесува ненадоместлива штета на АД ЕМО и затоа апелираме до сите релевантни институции да интервенираат и да го спречат тоа, се вели меѓу друото во соопштениетито на Одборот на директори кој беше разрешен на вонредното Собрание што на 26 декември се одржа во Кичево.