За да привлече потенцијални купувачи, државата двојно ја намали цената на акцијата на ЕМО, односно од 20 на 10 евра. Останатите услови на продажба во однос на бројот на вработени, инвестициската програма и дејноста се исти како и на претходните тендери, информираше министерот за економија, Фатмир Бесими. Тој посочи дека доколку и по четврти пат ЕМО не се продаде, ќе се бара консултант кој ќе даде предлози за иднината на компанијата.
ЕМО на продажба по четврти пат
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com