Во Основниот суд во Охрид деновиве започна судскиот процес што ЕМО Охрид го покрена против поранешни раководители на компанијата. ЕМО, како што се наведува во соопштението испратено до нашата редакција, “поднесе кривичните пријави против обвинетите С.Љ. (57) (поранешен Генерален директор на ЕМО), за две кривични дела „Злоупотреба на службена должност и овластување“, лицето В.К. (47) (поранешен помошник на генералниот директор за производство) за две кривични дела „Злоупотреба на службена должност и овластување“и лицето С.К. (51) (поранешен помошник на генералниот директор за финансии) за едно кривично дело „Злоупотреба на службена должност и овластување“.

Во образложението на кривичната пријава понатаму стои:

„Обвинетиот С.Љ. како Генерален директор на ЕМО ОХРИД  со ЕСМ Скопје на ден 06.02 2006 година без да има посебно одобрување од Одборот на директори си зел за право да потпише вонсудска спогодба со која на ЕСМ Скопје и простува долг на име камати во енормно голем износ иако за тоа постоела правосилна извршна судска одлука и на тој начин нанесол штета на ЕМО ОХРИД АД. Исто така обвинетите со фирмата КОТРАФО  од Италија во 2005 година склучиле штетен договор за продажба на трансформатори по цена која не ги покрива ниту направените материјални трошоци. Иако продавачот ЕМО ОХРИД АД имал можност ваквиот договор да го раскине поради зголемување на цената на материјалите од над 5 %, не само што договорот не е раскинат туку штетната продажба на трансформаторите продолжила и по истекот на договорот после април 2006 година. Штетноста на договорот дополнително дошла до израз со исплатата на посредничката провизија кон фирмата МЕТКОМ од Америка. На посредникот МЕТКОМ за направениот извоз од горенаведениот штетен договор му е исплатена максимално предвидената провизија од 3,5 % од заклучениот износ во договорот“,се вели во соопштението на АД ЕМО Охрид.

Ohridnews