Останува Министерството за економија да одлучи за моделот и за начинот на продажба на загубарите, кој го предлагаат странските консултанти за што ќе се платат 700 илјади евра.
За да ги привлече инвеститорите, Владата овој пат планира ЕМО да го продаде без обврски кон државата. Целата постапка се планира да заврши во рок од 12 месеци.
Доминантен сопственик во ЕМО е државата која поседува 65 отсто од акциите на компанијата.