– Меѓу АД ЕМО и друштвата основани од него постои договор за закуп на основните средства така да и покрај евентуалната промена на сопственоста, согласно Договорот за закуп, ЕМО Челично-решеткасти стобови од Кичево и понатаму ќе стопанисува со средствата, односно со 98-те единици во наредните 10 години-информираат од компанијата.
Според најавите на 6-ти декември на продажба ќе бидат ставени 98 единици на ДООЕЛ-от ЕМО Челично-решеткасти стобови од Кичево, односно опрема, алат, материјали, трафостаница и друг инвентар на „ЕМО“, кои по вторпат ќе бидат понудени во пакет со почетна цена од 63 милиони денари, со цел да се подмират побарувањата на доверителот „Ремис“.
.