Владата на Обединетите Арапски Емирати ќе добие Министерство за среќа, чија задача ќе биде консолидација на сите планови на државата, нејзините програми и политики, како општеството би било посреќно. Шеикот Рашин бин Мохамед Ал Мактум, владетелот на Дубаи и премиер на ОАЕ, наведува дека целта на новото министерство е „да работи на стварање социјално добро и задоволство“, пренесува британската телевизиска мрежа Би Би Си.

 

Владата на ОАЕ ќе биде побогата и за Министерство за верска трпеливост, кое ќе се залага за слога меѓу припадниците на разните конфесии, како главна вредност на емиратското друштво. Формирањето на новите министерства е дел од големата реорганизација на владеачките структури во ОАЕ. Шеикот Ал Мактум вели дека владата мора да биде флексибилна и дека се потребни министерства кои можат да се носат со предизвиците и да ги остварат амбициите на народот. Владата исто така најави и формирање на Национален совет за млади.