Еминентни сликари акварелисти од повеќе земји од светот ќе сликаат во Охрид, во рамки на петтиот по ред Акварелен симпозиум, кој го организира во  општина Карпош.

-Годинава покрај истакнатите македонски уметници, на симпозиумот ќе учествуваат и сликари од Индија, Полска, Русија, Украина, Турција, Велс, Хрватска и Србија. Тие својата инспирација ќе ја црпат освен во убавите урбани предели на општина Карпош и во пасторалните пејсажи на преубавиот Охрид, информираат организаторите.

Акаварелниот симпозиум на Карпош, ќе трае до 7 септември, а делата создадени во рамки на него, љубителите на уметноста ќе може да ги видат на изложбата што ќе биде организирана во рамки на прославата на Денот на Општина Карпош.

OhridNews