Еминем рекол дека му давале се бидејќи бил славен. Открил дека е зависен од лекови против болки и за истото ги обвинува лекарите. Открил дека секоја седмица го повикува Елтон Џон за да провери дали е чист од дроги.
Пред пет години Елтон Џон му помогнал на Еминем кога овој одел на рехабилитација. И самиот Елтон бил зависен од кокаин и алкохол. Познат е по својата голема колекција на очила и скапоцени автомобили.