Најпознатиот бел рапер, Еминем, минатиот викенд се вратил во Детроит побогат за два милиони фунти откако одржал два концерти во рамките на фестивалот “V”. Тој концертите ги одржал во паркот Вестон во Келмсфорд.


За двата настапи му бил исплатен хонорар од два милиони фунти. Ријана, која му се придружила на сцената за заедно да го отпеат хитот  “Love the way you lie”, добила околу сто илјади фунти. Поради исплатените хонорари, тоа биле два најскапи денови во 16 годишната историја на фестивалот.