Во Њујорк беше одржано доделувањето на првите јутјуб награди, на кои признание за уметник на годината освоил раперот од детроит Еминем. Доделувањето беше пренесувано во живо преку интернет, па се било прилично хаотично.
Шоуто беше обележано од лошата гледаност и непрепознатливата Лејди Гага. Креатор на наградите бил познатиот режисер Спајк Џонс, а уметниците биле номинирани на основ на бројот на прегледи, лајкови, коментари и претплатници на јутјуб. Песната „I knew you were trouble“ на Тејлор Свифт е феномен на годината, а награда за иновација на година освоил “Distorm power“, корисник на Јутјуб чии 250 поставени видеа биле видени повеќе од 200 милиони пати.