Американскиот рапер Еминем бил прогласен за крал на хип-хопот во изборот на британското списание “Rollingstone”. Познатото списание, кое во јуни ја прогласило Лејди Гага за кралица на попот, ја направило најновата листа врз основа на неколку анализи како што се дигитална продажба на музика, радио емитување, број на посети ја Јутјуб и присутво на друштвените мрежи.


Исто така земени биле во предвид и пласманите на топ листите, приходите од турнеите како и освоените награди и критики. Еминем го зазел првото место освојувајќи 1169 бодови, додека Лил Вејн се нашол на второто со 1134 бодови. На листата се нашла и Ники Миназ која се нашла на шестото место пред Рик Рос и Снуп Дог.