На овогодинешното доделување на наградите Греми, инаку познато по музичките настапи за помнење, во најдобро светло на сцената ќе се појават Еминем, Лејди Гага, Миранда Ламберт, Кејти Пери, Ци Ло Грин и други. Освен што ќе настапува, Еминем може да очекува и некои од наградите бидејќи е номиниран во десет категории.
Со својот настап во Лос Анџелес дефинитивно ќе ја прослави својата успешна 2010 година. Лејди Гага е номинирана во шест категории, а Грин и Кејти Пери во четири. Останатите кои ќе настапат на доделувањето на наградите се номинирани во најмалку три категории.