Еминем и Ријана ќе одржат заедничка турнеја под името „The Monster“, наречена според нивната последна заедничка песна која во декември минатата година се нашла на првото место на „Билборд хот 100“ листата.
Веста за заедничките настапи преку Твитер ја потврдил раперот, а за медиумите изјавил дека со Ријана ќе одржи концерти во Њујорк, Лос Анџелес и Детроит. Да потсетиме, нивната заедничка песна „Love The Way You Lie“ која ја снимле во 2010 година седум седмици била на врвот на споментата листа.