Британската актерка Емилија Кларк, најпозната по улогата на Денерис Таргарјен во „Игри на престолот“ е прогласена за најсексипилна жена на годината. Внимание привлече и со улогата на Сара Конор во филмскиот хит Терминатор. Таа може да биде жестока, но и пријателски настроена, може да биде кралица, но и млада сестра, убиец или девојка од соседството, пишува списанието „Есквајер“ кое и ја додели оваа титула. Уредничката на списанието, Лиза Хинтелман популарната актерка ја наеркува и сечија миленичка. Емилија е родена 1987 година во Лондон. Во Велика Британија дипломира на катедрата за глума во познатиот лондонски драмски центар.

Уште на 13 години доби улога во британската телевизиска серија „Доктори“, но после тоа па до крајот на дипломирањето беше посветена на театарски претстави. После завршувањето на студиите ја доби првата филмска улога во научнофантастичниот филм „Triassic Attack“. Нејзиниот живот се промени откако ја доби улогата во Игри на престолот во 2011 година. Меѓутоа на почетокот имала потешкотии, бидејќи во серијата има многу разголени сцени, сцени со секс и силувања. Актерката вели дека поради тоа долго патела. Раскажала дека еднаш морала да земе кратка пауза. Рекла дека треба да се напие чај, меѓутоа морала да се исплаче пред следната сцена.