Познатата манекенка Емили Ратајковски станала заштитно лице на линијата долна облека “Yamamay”. Убавата манекенка, која се прослави со појавувањето во спотот за песната “Blurred Lines”, позирала за рекламна кампања токму за овој познат италијански бренд.
Инаку, откако се појавила на насловната на списанието “Sports Illustrated”, Емили не престанува да бележи успеси во кариерата, па така се испробала и во актерските води. Емили забележала мала улога во филмот “Gone girl”, но тука не застанува бидејќи е одлучна да изгради кариера во филмската индустрија.