Американската актерка и манекенка Емили Ратајковски ја откри тајната за својот сексипилен изглед. Сексипилната убавица вели дека не ја користи секогаш истата козметика и кожата ја негува исклучиво со скапи креми и лосиони. Но, тоа не е случај и со парфемите. Вели дека парфем воопшто не користи, бидејќи секој и мириса ефтино.

 

Сеуште не го пронашла одговарачкиот мирис, кој нема да и биде ниту премногу балг, ниту премногу остар. Пробала дури и машки парфеми, но и нив не ги користи, бидејќи не сака да мириса како маж. Најмногу и се допаѓа сопствениот мирис, кој е подобар од секаков парфем. Исто така вели дека не е роб на исцрпувачки вежби. Не оди во теретана, туку практикува долги прошетки и планинарење со пријателките.