Модната куќа Викторија Сикрет претставила ново лице во своето јато преубави манекенки, а во прашање е девојката со име Емили ДиДонато.

Емили е американски модел, а родена е во 1991 година во Оринџ Каунти и потекнува од мешовито семејство, односно половина е од Ирска, а половина од Италија.

Пред да ја ангажираат скаутите на модната куќа Викторија Сикрет била заштитни лице на популарните брендови “Guess” и “Ralph Lauren”.

Првиот каталог за Викторија Сикрет го снимила уште пред две години, но во модната куќа сметале дека дури сега е доволно зрела како би ја промовирала нивната линија долна облека, заедно со постарите и попознати колешки, па публиката за прв пат ќе ја види во живо на грандиозната ревија на 29 ноември.