Емили Блант гостувала во вечерното шоу на Дејвид Летерман и во разговорот со популарниот водител открила дека во една прилика и го спасила животот на популарната актерка Мерил Стрип.
“Таа е толку фантастична, што тоа понекогаш ви оди на нерви“, изјавила Блант и потоа ја опишала приликата кога ја спасила славната актерка.
“Вежбавме сцена во која таа глумеше вештерка која треба да скокне на маса, притоа носејќи плашт и се останато што го носат вештерките. И тогаш одеднаш ја видов целата сцена во “забавено движење“, точно можев да предвидам што ќе се случи следно. Имено, стапалото и се заплетка во облеката и видов како со главата паѓа на бетонскиот под. Режисерот Роб Маршал и Џејмс Корден стоеја неподвижно, а ја фати трудница. Затоа, ми должи“-изјавила Емили.