Дека Охрид ги следи светските модни трендови потврдува бутикот „Емили“ кој деновиве реализира ексклузивна фотосесија, која е еден од заштитните знаци на познатиот охридски бренд.

Делза Речи, Викторија Алексовска, Ивона Јованова и Христијан Колевски ги презентираа новите модели  на свечени футани, костуми и венчаници, кои пристигнаа деновиве во бутици „Емили“. Фотосесијата ја реализира „Мега продукција“.

Ви ја доловуваме работната атмосфера од ексклузивната фотосесија на бутици „Емили“, од која наскоро ќе бидат објавени и оригиналните фотографии.

Модните парчиња од најновата колекција на бутици „Емили“ можат да се најдат во добро познатите продажни места во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и наспроти градскиот пазар во Струга.

OhridNews