Стотина илегални емигранти кои тргнале во потрага за подобар живот во ЕУ, наместо во Париз, Берлин или Рим, деновите ги поминуваат во Мукачево во Украина. Многу Пакистанци, Сомалијци и Етиопјани платиле по повеќе од 6 000 долари за да стигнат до ветената Европа, меѓутоа „заглавиле“ на украинско-унгарската граница.


Последната препрека не ја совладале и затоа не успеале да влезат во ЕУ. За многумина од емигрантите времето бавно поминува, но одлучни се дека враќање во матичната држава од која си отишле не доаѓа во предвид.