Еми Вајнхаус оваа седмица пеела во Бразил, но наскоро ќе се врати во Лондон, откако ја обновила својата врска со режисерот Реџ Тревис. Пејачката новата година требала да ја дочека во Англија со својот татко Мичам.
Наместо тоа останала дома о новата 2011 година ја дочекала дружејќи се со Реџ. За нивната врска прв пат почнало да се зборува на средината на минатата година. Прекинале четири месеци подоцна, откако Реџ бил виден како се држи за рака со својата поранешна девојка Рејвен Исис.