Актерката Виола Дејвис влезе во историјата бидејќи е прва афроамериканка која ја освои престижната награда Еми и тоа за улогата на професорката и адвокат Анализ Китинг во серијата „Како да се извлечеш со убиство“. „Игри на престолот“ доминираа на доделувањето на наградите. Виола во неделата во Лос Анџелес рече дека единствена разлика меѓу црните и жените со друга боја на кожата е во шансата која ја добивате. Истакнала дека не можете да добиете Еми за улога која не постои. Еми за најдобар актер освои Џон Хам за улогата во серијата „Мед Мен“, додека серијата „Игри на престолот“ од 24 номинции освои 12 награди меѓу кои и за најдобра машка споредна улога која отиде во рацете на Питер Динклиџ.

 

Меѓу рекордните 12 награди е и онаа за најдобра драмска серија. Тоа е прв пат популарната серија која почна да се прикажува во 2011 година да освои награда за најдобра драмска серија. Наградата за најдобра режија и најдобар актер му припадна на серијата Транспарент, додека политичката сатира „Veep“ освои награда за најдобра комична серија.