Дербито на Олд Трафорд помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал ќе биде во фокусот во вондредната 15-та рунда која денес и утре ќе се одигра во Премиер лигата. „Топчиите“ во Манчестер патуваат со серија од 19 меча без пораз и голема самодоверба после триумфот во лондонската пресметка со Тотенхем 4-2.

  • Ова е нов натпревар и уште поголем предизвик. Гостуваме на Олд Трафорд, и покрај играчки ќе бидеме тестирани на психолошки план и сакам да видам како ќе реагираат моите фудбалери. Знаеме што треба да направиме за да стигнеме до позитивен резултат и затоа мечот со Манчестер Јунајтед ќе го наречам супер предизвик. – изјави тренерот на Арсенал, Унаи Емери.

Шпанскиот стручњак истакна дека фудбалерот за врска Месут Озил ќе биде во трка со времето за опоравување од повредата на грбот, додека останатите фудбалер подготвени се за битката со „црвените ѓаволи“.

Дербито на колото се игра утре (среда) со почеток во 21 часот. Денеска на програмата има четири мечеви Бурнмаут – Хадерсфилд, Брајтон – Кристал Палас, Вест Хем – Кардиф, Ватфорд – Мен Сити, а утре ќе се сретнат Барнли – Ливерпул, Евертон – Њукасл, Фулам – Лестер, Вулверхемптон – Челси и Тотенхем – Саутемптон.

Лидер на табелата во Премиер лигата е Манчестер Сити со 38 бодови, два помалку има Ливерпул, а третопласиран е составот на Челси со 31 поен.

OhridNews