Тренерот на Виљареал, Унаи Емери, ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн.

Мораме да покажеме почит кон Баерн. Ќе биде многу тежок натпревар, но мора да знаеме како да реагираме. Не е тајна дека се навикнати да постигнуваат многу голови дома – тоа им е сосема природно. И тие не почитуваат нас, но доколку Баерн ги покаже своите најдобри квалитети, тие ќе бидат фаворити. Дома ќе ја почувствуваат својата сила и ќе пристапат на натпреварот со оптимизам, изјави Емери за официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Баерн – Виљареал ќе се одигра во Минхен вечер со почеток во 21 часот.

На првиот дуел шпанскиот клуб победи со резултат 1:0.

OhridNews