Емели Санде на најдобар начин ја крунисала годината зад себе освојувајќи награди за најдобар албум и најдобра британска пејачка на доделувањето на Брит музичките награди. Доделувањето на Британските музички награди, популарно познато како Брит награди, донело голем триумф на Емели Санде, која дома однела две признанија за најдобар албум на годината и најдобра британска пејачка.

Бен Хауард исто така добил две ласкави признанија за најдобар машки изведувач и за најдобра млада ѕвезда. Признанието за најдобра интернационална женска музичка ѕвезда отишло во рацете на младата американска пејачка Лана дел Реј. Еден од најдобрите британски бендови “Coldplay” се закитил со наградата за најдобра изведба во живо, и тоа на Олимписките игри минатото лето во Лондон.