По неподносливо јаките болки во стомакот деветгодишно девојче сместено е во болница каде е утврдено дека во стомакот го носи ембрионот на својата сестра близначка, изјавиле докторите.
Девојчето е прегледано и оперирано, а израстокот е отстранет. Подоцна е утврдено дека ембрионот е голем околу 6 сантиметри, а девојчето потполно се опоравило.
„Можеше да се види дека на десната страна стомакот и е потечен, но не се ни сомневале дека потенцијалниот тумур е всушност ембрион“, изјавил шефот на болницата.
Шефот на педијатриското одделение рекол дека ембрионот бил формиран фетус со глава, коса и очи, но без мозок. Тој нагласил дека вакви случаи, кога еден од близнаците се апсорбира во утробата на другиот, се доста ретки, поточно еден на 500 илјади.