Група онлајн хакери позната како „Анонимуси“ го хакирале интерниот сервер на германското студио „Константин филм“ и објавиле неколку документи меѓу кои и оној во кој било наведено дека Ема Вотсон ќе игра во адаптацијата на еротскиот трилер „50 нијанси сива“. Во наводниот документ пишувало дека Ема ќе ја игра наивната студентка Анастазија Стил која е во врска со садистот милијардер Кристијан Греј, пренеле медиумуте.

Хакерите, кои претходно објавиле телефонски броеви и информации со кредитните картички на познатите личности, вклучувајќи ги и Бијонсе и Кање Вест, се пофалиле со својот успех преку друштвената мрежа Твиетр. Веќе подолго време се нагаѓало дека Вотсон ќе ја игра Ана, иако таа тоа го демантирала. Сеуште не е познато кој ќе го режира филмот.