Ема Вотсон (20), позната по улогата на Хермоине во филмовите за магионичарот Хари Потер, објавила дека се откажува од студиите на универзитетот Браун како би се посветила на кариерата. Одлуката ја донела откако сватила дека и е тешко да ги ускладува работата и учењето.
Рекла дека донела одлука да направи пауза со учењето како би се посветила на последното продолжение на Хари Потер, кое премерата ќе ја доживее ова лето. Рекла дека сака да учи, но дека тоа е невозможно заедно со глумата. Ема моментално освен на Хари Потер работи и на други филмски проекти.