Ема Вотсон има нов изглед. Младата ѕвезда од филмовите со Хари Потер сега изгледа како проблематична девојка, со нова тетоважа на десната страна од стомакот, која ја покажала на насловната страна на списанието „GQ“. Сето ова го сторила за што подобро да го претстави својот нов лик, Ники, која ќе ја толкува во филмот „The Bling Ring“.
Рекла дека кога го прочитала сценариото сватила дека Ники е суштински се што не е таа. Почуствувала голема одбивност кон неа. Ники била суеверна, материјалистка, аморална и лоша. Додала дека токму тоа што го мразела ликот и бил предизвик што подобро да го претстави.