Младата актерка гордо изјави дека е во целост подготвена да се ослободи од ликот на Хермиона Грејнџер кој и го одбележа детството во филмската кариера.
Ема открива дека улогата во новиот филм “The Perks of Being a Wallflower” и помогна да се ослободи од улогата на волшебничката од Хари Потер.
“Ја започнав филмската кариера со ликот на Хермиона кој се уште остана во моето тело. Сега сум подготвена конечно да се ослободам од улогата која ми го одбележа детството” – открива Ема.
Во интервјуто за Entertainment Weekly, Ема зборуваше и за најновиот филм и за соработката со Стефан Чбоски, кој не само што напиша роман според кој е снимен филм, туку и го режираше.
„На нашиот прв состанок, Стефан ми рече: “Ова можеби нема да биде најдобриот филм во кој некогаш ќе глумиш, но ќе го имаш најубавото лето до сега и ќе запознаеш нови најдобри пријатели“, признава Ема и открива дека зборовите на Стефан навистина се оствариле.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com