Младата британска актерка Ема Вотсон била прогласена за најдобро облечена жена на светот. Според изборот на списанието „Гламур“ на второто место се нашла Перил Кол, која минатата година ја предводела листата. Трета на овогодинешната листа е ѕвездата на серијата „Самрак“ Кристен Стјуарт, четврта е Дени Миног а петта Алекса Чунг. Нив ги следат Ријана, Кејт Мос, Блејк Лајвли, Оливиа Палермо и Леа Мишел.
Најмлада на листата е петгодишната ќерка на Том Круз и Кејти Холмс, Сури Круз, која се наоѓа на 21 место. Најлошо облечена жена е старлетата Кејти Прајс, попозната ка Џордан, а е следена од Лејди Гага. Најголем пад во однос на минатата година забележала Бијонсе, која лани била деветта, а оваа година е на 36 место.