Ема Вотсон преговара за улогата на Пепелашка во филмската адаптација на познатата бајка. Кејт Бланшет веќе се согласила да ја игра маќеата. Според медиумите, актерката е на самиот почеток од преговорите, додека учеството на Кејт било потврдено. Филмот ќе го режира Кенет Бран според сценариото на Крис Вајц.
Откако било завршено снимањето на филмовите за Хари Потер, Ема играла во неколку филмови, а неодамна завршила со снимањето на филмот „The Bling Ring” заснован на вистинска приказна за тинејџери од Лос Анџелес кои ограбувале домови на славни личности.