Ема Вотсон својата нова љубов ја пронашла за време на снимањето на филмот “The Perks of Bein a Wallflower”, а во прашање е младиот актер Џони Сајмон. Парот се запознал и зближил за време на снимањето на филмот во Пенсилванија, а својата врска ја продолжиле и откако филмот бил готов.


Извор близок на парот изјавил дека иако долго не се заедно, нивната врска веќе била многу сериозна, и додал дека двајцата актери речиси и не се разделуваат. Тие својата љубов не ја кријат ниту од папараците, кои неколку пати ги фотографирале како се прегрнуваат и бакнуваат на улица.