Можеби е успешна волшебничка во „Хари Потер“, но во реалниот живот, моќите, барем не оние љубовните, не и одат од рака на Ема Вотсон. Младата актерка повеќе не е во врска со својата љубов од студиото, Вил Адамовиц, со кој се забавувала од крајот на 2011 година.
Наводно се разделиле уште минатото лето, но сега и официјално дошол кран на нивната врска. Парот, инаку, својата врска ја „признал“ појавувајќи се во јавност во април 2012 година.