Сепак, по се изгледа нема ништо од врската помеѓу Ема Вотсон и принцот Хари. Откако странските медиуми објавиле приказна дека Ема и принцот тајно се гледаат, настана вистински хаос, како во медиумите така и на социјалните мрежи. Некои сметале дека Ема не е вистински избор за принцот, но поголемиот дел од луѓето беа воодушевени од новата ѕвездена љубов.

 

На сите тие нагаѓања и прераскажувањта крај им стави самата актерка со кратка објава на Твитер со која на своите обожаватели им порача дека не треба да се верува во се она што го пишуваат медиумите. Веројатно со оваа изјава, барем на кратко време, ги примирила страстите во јавноста.