Ема Стоун на филмскиот фестивал во Кан со остатокот од екипата го претстави најновиот филм на режисерот Вуди Ален. На фотографијата, пред големиот број фотоапарати, 26-годишната актерка имала одредени проблеми со прекрасниот, Оскар де ла Рента мини фустан.
На сред фотографирање, задувал немирниот кански поветерец, го кренал фустанот на актерката и речиси открил премногу. Актерката, која е инаку позната по својот кул став, брзо се снашла, се насмевнала и целата ситуација ја свртела на шега.