Верувале или не, според пишувањето на сајтот TMZ, 22-годишната актерка Ема Робертс се скарала со своето момче, актерот Еван Петерс. Во хотелска соба во Монтреал парот имал кавга, која ескалирала со напад, односно Ема го удрила Еван. Актерот завршил со крвав нос и каснувања по вратот.

Ема нема да сноси никакви правни последици, бидејќи Еван одбил да ја тужи својата девојка. во меѓувреме, изгледа заборавиле на проблемите и парот набрзо се смирил. Ема е внука на слвната акерка Џулија Робертс, а веќе неколку години е успешна во светот на филмот. Своето момче го запознала пред една година на сетот на филмот ‘Adult World’ и оттогаш се неразделни.