Главната туристичка сезона одамна е завршена, ама некои работи останаа исти. Иако под притисок на јавноста локалната вети дека ќе ги исправи сериозните грешки на знаците и патоказите што беа поставени во градот, голем дел од нив, главно тие напишани на англиски јазик, сеуште се со граматички грешки. Дел од нив пак се уништени од несовесни возачи и граѓани и наместо корисна информација претставуваат грда слика. Локалната неодамна промовираше нова веб страна наменета за туристичка промоција на Охрид во светот, но не е лошо да се запрашаме што всушност ќе видат странските гости во Охрид и каков впечаток ќе им оставиме со нашиот однос и „традиционалните“ навики…
ем неточни ем срушени, патоказите во Охрид
Горан Момироски
фото: Васко Бујароски