Речиси 40 години после смртта, Елвис Присли се врати на врвот на британската листа најслушани албуми со изданието “If I Can Dream”, јавуваат странските медиуми. “If I Can Dream” содржи класици на Елвис во изведба на оркестарот на Кралската филхармонија. Елвис на овој начин 12. пат се најде на првото место на британската листа најслушани албуми, повеќе од било кој машки соло изведувач.

 

Поранешната сопруга на кралот на рокенролот, Присила Присли изјави дека “If I Can Dream” е албум кој Елвис отсекогаш сакал да го сними и дека би му било многу драго да знае дека неговите фанови се сеуште тука и ја сакаат неговата музика. Таа додава дека овој албум го состави талентиран тим кој помогна да го остварат сонот. На второто место е Мадона, додека од Елвис поуспешна е групата Битлс чии албуми беа најслушани 15 пати.