Елвис Присли станал почесен граѓанин на Будимпешта, во знак на благодарност за неговата поддршка во побуната на Унгарија против тогашниот Советски Сојуз. Властите на Будимпешта пред нешто помалку од еден месец по Елвис Присли нарекле еден мал парк во главниот град на Унгарија.
Елвис присли на 6 јануари 1957 година, за време на последниот настап во емисијата „Шоуто на Ед Саливен“ ја испеал песната “Peace in the Valley”, а Саливен рекол дека таа песна ја изразува загриженоста на Присли за Унгарскиот народ по неуспешната побуна против Советскиот Сојуз.