На изборите за гувернер на американската сојузна држава Арканзас ќе учествува и еден човек по име Елвис Присли. Тој како што најавил, ќе се залага за добивање повеќе нови работни места, како и за модерна државна управа.
Елвис Д. Присли живее во гратчето по име Стар Сити. Воопшто не личи на кралот на рокенролот, но настапувал како емитатор на популарниот и неповторлив Елвис Присли.