Елтон Џон за својот роденден од актерката Бети Вајт добил многу необичен подарок. Актерката во чест на 65. роденден на својот пријател Елтон Џон му подарила крокодил во зоолошката градина во Лос Анџелес.

Бети неодамна се приклучила кон програмата The Lifeline”, која се бори за заштита на животните, за што била инспирирана од песната на Елтон “Crocodile Rock”. Пејачот, кој со години бил активен во борбата за заштита и правата на животните, така станал горд сопственик на крокодилот кој ќе остане во зоолошката градина.