Елтон Џон ќе игра во филм на режисерот Метју Вон, а станува збор за адаптација на стрипот „Тајна служба“, јавуваат медиумите. Вон би сакал да види многу британски ѕвезди во филмот, а прв на листата бил Сер Елтон, кој ќе глуми во сцена на голема тепачка.
Режисерот сметал дека Елтон во голема тепачка ќе биде вистинско уживање за љубителите на филмот. Филмот „Тајна служба“ во кината ќе се појави следната година. Музичарот до сега го позајмувал гласот на цртани ликови, гостувал во неколку серии, а освоил Оскар за оригинална нумера за филмот „Кралот на лавовите“.