Она што денес е Лејди Гага, некогаш беше Елтон Џон. Носел шарени одела, секоја седмица ја менувал бојата на косата и имал богата колекција очила. Откако британската кралица му ја доделила титулата Сер, Елтон станал многу посериозен.


Повеќе не ја бојадисува косата и облекува класични одела. Само се некои ситни детали покажува каков човек бил некогаш. Носи платинеста обетка во облик на срце, која има и дијаманти и рубини. Таа му е подарок од неговиот сопруг Дејвид.