Познатиот хомосексуален пар Елтон Џон и Дејвид Фурниш планираат да посвојат второ дете, откако на Божик 2010 година го добиле синот Захари со помош на сурогат мајка. Британските таблоиди пренесуваат дека сега, наводно, сакаат да му подарат брат или сестра.
Дејвид и Елтон никогаш не откриле кој од нив е биолошки татко на детето. Фурниш рекол дека го гледале секој ден, а детето имало нос на Елтон и раце на Дејвид. Тоа воопшто не им било важно. Најважно им било да биде здрав, среќен и сакан.