Британскиот музичар бил во посета на домовите за сирачиња во Украина и таму го сретнал 14-месечното момче Лев. Елтон Џон признал дека момчето му го украло срцето, но исто така смета дека бирократските пречки се големи и нема големи шанси посвојувањето да успее.


Елтон, заедно со својот партнер Џон Фурниш често зборувале за посвојување, но Елтон бил скептик за таа идеја поради неговите години и поради честите отсуства од домот поради настапите и турнеите. Но поради Лев се предомислил и на момчето сака да му пружи прекрасна иднина.